Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на новоизградена црква на свети Јован Богослов во с. Стрезовце (кумановско) (21.05.2008)

На 21. 05. 2008 лето Господово, во с. Стрезовце (кумановско) надлежниот Епархиски Архиереј Митрополит Полошко-кумановски г. Кирил изврши осветување на новоизграден храм посветен во чест и слава на големиот апостол и евангелист свети Јован Богослов. Манастирот е изграден по Божја промисла, а со голема иницијатива и залагање на г. Борце Стефановски од с. Младо Нагоричане. Манастирот се наоѓа по течението на реката Пчиња десно од магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, а во непосредна близина на исто така новоизградениот храм на свети Прохор Пчински, кој е во завршна фаза и очекува осветување. Митрополитот Кирил истакна дека ова светилиште се осветува во време кога Македонската Православна Црква обележува голем Јубилеј - 50 години автокефалност, а се радува што во блиска иднина по течението на Пчиња треба да се осветат уште два новоизградени храма. Пред големиот број на верници Митрополитот г. Кирил им го објаснуваше редоследот, а и важноста на самиот чин евангелисување со што Македонската Православна Црква нанижува уште еден бисер, бисер на нашиот основач и патрон свети Климент Охридски чии свети мошти денес ги постави во светата трпеза при ова светилиште, првото изградено на овие простори.       

 

  

 

 

 

Известува: о. Жико Тодоровски