Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Втор ден Духовден во Радовиш (17.06.2008)

На 16. 06. 2008 година (Духовден – втор ден), во црквата на Света Троица во Радовиш, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Радовишкото архиерејско намесништво, отслужи Света Архиерејска Литургија, на која завршениот богослов и дипломираниот теолог Илија Поп Гонов и завршениот богослов Ангелчо Стојанов ги потсрижа за чтеци. По Светата Литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодно слово и го благослови и пресече празничниот леб.

 

                  

 

                                         

 

                      

 

                                          

 

                       

 

Известува: ѓакон Саше Ристов