Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Куманово (19.06.2008)

На 16. 06. 2008 година на Духовден - втор ден, традиционално секоја година така и оваа во Куманово во црквата на Света Троица, Митрополит г. Кирил ослужи Божествена Литургија, освети вода и ги пресече празничните колачи. Пред присутните верници Митрополит Кирил рече: „Нека ни биде честит и вековит патрониот празничен ден, на ова наше многудецениско светилиште посветено во чест и слава на Пресвета Троица. Да Му благодариме на Бога драги браќа и сестри, да Му благодариме на Троичниот Бог пред Чиј свет престол деновиве се поклонуваме Бог Отец, Бог Син, Бог Свети Дух, Кој ни помогна и ова година достојно како што ни прилега на Светата Христова Православна Црква да ги одбележиме духовденските празнични чествувања. Благодарение на разбирањето на нашата власт можевме на нашите најсакани упокоени почнувајќи од петокот во чест на духовденската задушница па и саботата молитвено да преседиме со душите на нашите најмили и најсакани. На вчерашниот ден и денешниот ден за да се потврди троичноста, Господ Го испрати Светиот Дух на Своите апостоли и ученици во градот Ерусалим, кои почнаа да го проповедаат спасоносното Евангелие на разни јазици. Празникот Духовден, празникот Света Троица, претставува и роденден на нашата Света Христова Православна Црква. На здравје и спасение нека ни биде ослужената Евангелска Божествена Литургија. Нека даде Господ како досега и понатаму да ја имаме Божјата милост, почесто побројно да се собираме на празнични богослужби, да даде Господ што почесто да се собираме за што повеќе свадбенски радости, за повеќе крштевки, да се множи нашиот благороден род. Амин!

 

             

 

             

 

Известува: о. Жико Тодоровски