Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Благословување на жетвата во Пелагониското поле (14.07.2008)

На 14.07.2008 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско - пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, благоволи да даде благослов за започнување на жетвата во Пелагониското поле. Потоа, во манастирскиот трем при манастиротна свети Пророк Илија во с. Драгош, Митрополитот г. Петар ја благослови заедничка трпеза на љубовта. Оваа средба беше организирана од страна на  директорот на ЗИК Пелагонија г. Вангел Гагачев, а меѓу присутните беа и неговите соработници, секретарот на Митрополијата протоереј ставрофор о. Никола Грамбозов како и членови на манастирскиот одбор при манастирот “Свети Пророк Илија”.

 

       

 

       

 

Известува: Весна Апостоловска