Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Прилеп (19.08.2008)

На 08.08.2008 г., празник на преподобна маченичка Параскева, во храмот на Светото Благовештение во Прилеп, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, отслужи Света Божествена Литургија, по која направи и парастос за загинатите бранители на Карпалак во конфликтот против Албанците во 2001 година. Истиот ден Митрополитот Петар одржа и пригодна реч, пред споменикот на бранителите, пред Собранието на Општина Прилеп. Потоа Митрополитот се упати кон прилепската населбата Точила, каде изврши осветување на камен-темелникот во кој положи свети мошти, за изградба на храм посветен на преподобна маченичка Параскева, при што произнесе пригодна беседа. На сите чинодејства, покрај многубројниот благочестив народ, беа присутни и претставниците на Владата: Вицепремиерот за европски интеграции г. Ивица Боцевски, Министерот за транспорт и врски г. Миле Јанакиески, Министер за образование и наука г. Перо Стојановски, градоначалникот на Прилеп, г. Марјан Ристески, како и претставници од Министерството за одбрана на Република Македонија.

 

         

 

        

Известува: Александар Гулевски