Прием по повод Денот на независноста на Република Македонија (15.09.2008)
На 15 септември, по повод Денот на независноста на Република Македонија, Амбасадата на Република Македонија во центарот на Лондон организираше свечен прием. На покана на Нејзината Екселенција Амбасадор на Р.М. Марија Ефремова и др. Димитар Ефремов на приемот присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, кој за таа цел допатува од седиштето на Европската Епархија во Малме, Шведска. Меѓу присутните беше претставникот на Ватиканската столица како и бројни дипломати, претставници на британското Министерството за надворешни работи и истакнати бизнисмени и интелектуалци од македонската дијаспора.