Малме (27.09.2008)
Денес кога Светата Црква го празнува споменот на Воздвижение на Светиот Крст - Крстовден 27.09.2008 година, Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение со парохискиот свештеник во МПЦО „Св. Наум Охридски“ – Малме, протоереј-ставрофор Блажо Кожарски и ѓаконот Илија Спасевски отслужи Света Литургија во соборниот храм посветен на Свети Наум Охридски Малме - Шведска. На крајот од Светата Литургија, Неговото Високопреосвештенство г. Пимен, обраќајки се кон присутниот народ зборуваше за значението на Крстот.