Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Загреб, Божествена Литургија (03.11.2008)

На 26.10.2008 година  во Загреб, Република Хрватска, Митрополитот Европски г. Пимен отслужи Божествена Литургија во чест и спомен на светата маченичка Злата Мегленска, а по повод патрониот празник на истоимената МПЦО од Загреб, во сослужение на парохискиот свештеник, протоереј Кирко Велински. На Литургијата активно учество зеде и  ѓакон Спасе Таковски, професор во Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“, како и Женскиот младински хор Менада од Тетово, кој работи под диригентската палка на маестро Ивица Зориќ.
По повод патрониот празник на Македонската православна црковна општина „Света Злата Мегленска“ од Загреб, Република Хрватска, по Литургијата се одржа средба  со загребските  фанови на Тоше, помеѓу останатите  и со познатиот  композиторо, и големиот пријател на покојниот наш Тоше, Мирослав Рус.