Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Свечен божикен прием (09.01.2009)

Вчера, на 08.01.2009 година, по повод празникот на Рождеството Христово, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во придружба на архиереите на МПЦ, Митрополитот Полошко- кумановски г. Кирил, Митрополитот Струмички г. Наум и Епископот Хераклејски г. Климент,  приреди традиционален празничен прием во салата при Архиепископскиот соборен храм на свети Климент Охридски во Скопје. На приемот присуствуваа претседателот на Владата на Р. Македонија г. Никола Груевски со сопругата,  претседателот на македонското Собрание г. Трајко Вељаноски, претставници на дипломатскиот кор, како и голем број на значајни јавни личности од културата и бизнис елитата.

 

 

          

 

          

 

          

 

                        

 

Известува: Калина Трпеска