Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Дортмунд (11.01.2009)

Веќе неколку недели наназад во Црковната општина св. Кирил и Методиј во Дортмунд, парохиската служба ја извршува новопоставениот парохиски свештеник, протојереј Стеван Илиовски.

Надлежниот Митрополит Европски г. Пимен на пропатување од Ц.О. св. Архангел Михаил и сите Ангели од Лондон, каде богослужеше на празникот на Рождеството Христово, пристигна во Дортмунд каде отслужи Божествена Литургија на која на верниот народ им го објави Рождеството Христово и им го честита поставувањето на новиот парох, а на отец Стеван му посака успешна парохиска мисија.

Во толкувањето на денешното евангелие, Митрополитот Пимен потецнираше дека е неопходно ослободување од страстите, бидејќи заслепеноста и обземеноста од истите може да изроди невидено зло…

Како потврда на тоа го посочи примерот на царот Ирод кој заслепен од страста на славољубието и од грижата некој да не ја засени неговата слава како цар, се дрзнува да го направи невиденото злосторство во Витлеем.

 

                    

 

                                 

 

                   

 

Известува од Дортмунд:
Миланка Тосева