Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Министерот за култура на Хрватска во посета на Архиепископот г.г. Стефан (19.01.2009)

По молитвеното спуштање на крстот во водите на Вардар од Камениот Мост, чин на којшто присуствуваше и министерот за култура на Хрватска и претседател на Комисијата за односи со Црквите во Владата на Р. Хрватска, господин Божо Бишкупиќ, заедно со неговиот домаќин, министерот за култура на Република Македонија, госпоѓа Елизабета Канческа -Милевска и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на Република Македонија, г. Ѕвонко Муцунски, го посетија Поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој заедно со Епископот Хераклејски г. Климент ги прими во Македонската Архиепископија.

 

                       

 

Известува: проф. Ѓоко Ѓорѓевски