Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Голем Богојавленски водосвет на реката Вардар во Скопје (20.01.2009)

На празникот Богојавление, по отслужената  Божествена Литургија во црквата на свети Димитриј во Скопје,  Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во солужение на Епископ  Хераклејски г. Климент, го изврши чинот на Голем Богојавленски водосвет, по што беше фрлен крстот и беа осветени водите на реката Вардар.

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан рече:  „Богојавлението е наречено и просвештение, зошто е настан што просветува и помага да ја сфатиме постојаната грижа на Бог за човекот. Богојавлението е настан што постојано поучува како да Го љубиме Бог, како да ги сакаме луѓето. Тоа е настан што нѐ поттикнува да се утврдуваме во верата. Богојавлението нѐ собра и оваа година овде во Скопје, како и во Охрид и Преспа, во Гетеборг, Детроит, Сиднеј и покрај сите води каде што живеат побожните Македонци. Се собравме да празнуваме и да покажеме дека живее традицијата присутна со столетија... Господ Исус Христос влегувајќи во водата ни го покажал патот кој преку водата води до вечен живот. А водата, односно крштението е вратата преку која се влегува до Царството на вечната заедница со Бог. На овој ден, сите македонски води се богојавленски води, а секоја река и езеро, секоја наша вода е македонски Јордан. Се собравме да празнуваме и да покажеме дека трае традицијата присутна со столетија.“

На манифестацијата присуствуваше и премиерот Никола Груевски и градоначалникот на град Скопје г. Трифун Костовски.

 

         

 

          

 

Известува: Калина Трпеска