Собор на свети Јован Крстител (25.01.2009)
На празникот на Соборот на свети Јован Крстител, во истоимената манастирска црква во Скопје, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополит Повардарски г. Агатангел и Митрополит Брегалнички г. Иларион, отслужи Архиерејска Божествена Литургија.
„Денешниов празник - посочи поглаварот на Македонската православна црква - Светата Црква го востановила според практиката во попразненството на големите празници и настани да ги чествува и самите учесници во настанот... Свети Јован е Светител со најмногу чествувања во календарот на Православната Црква. Дури седум празници се во негова чест: зачнувањето, раѓањето, отсекувањето на главата, па првото и второто, како и третото наоѓање на главата, пренесувањето на неговата рака од Севастија во Антиохија и денешниов Собор на Свети Јован. Исто така и секој вторник во седмицата му е посветен нему.“
Известува: Калина Трпеска