Архиерејска Божествена Литургија во Неготино (30.01.2009)
На ден 25.01.2009, недела, во манастирот свети Георгиј беше отслужена Божествена Литургија. Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитите Повардарски г. Агатангел и Дебарско-Кичевски г. Тимотеј најпрво го освети новиот црковен фрескопис, кој го подари неготинската винарија „Бовин“, а потоа чиноначалствуваше со Светата Литургија. По завршувањето на Божествената Литургија Архиепископот заедно со Митрополитите се упати во дворот на манастирот каде изврши осветување на црковната камбанарија. Митрополитот Повардарски г. Агатангел им подари благодарници на Винаријата „Бовин“, градежното претпријатие „Градба“ и на г. Владимир Ѓорчев за помагање на манастирот на Свети Георгиј - Неготино.
Извор: Повардарска епархија