Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Средби на Митрополитот Полошко-кумановски Кирил (21.03.2009)

На ден 18.03.2009 год. во црквата на свети великомаченик Димитриј во Крива Паланка, од страна на архиерејскиот намесник на Крива Паланка, протоереј ставрофор Добрислав Бошковски, заедно со другите браќа парохиски свештеници и неколку домаќини од градот, на чело со кандидатот за градоначалник на Крива Паланка г. Арсенчо Алексовски, беше дочекан митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, заедно со видни соработници и пријатели, меѓу кои и инженерот за телекомуникациона техника г. Мишко Васовски од Тетово, кој веќе четири децении живее во САД, во космополитскиот град Детроид.

На 10.03.2009 год. г. Мишко Васовски, како претседател на Американско-македонската асоцијација од Детрод, заедно со неговите блиски соработници г-ѓа Рита Ворш, претседател на најпрестижната светска хуманитарна организација на просторот на САД „World Medical relief“ и г. Џорџ Самсон, задолжен за интернационалната програма, беа примени од страна на Митрополитот Кирил, при која прилика беа разменети мислења, а самиот г. Мишко Васовски иницира, Митрополитот Кирил да ја испита можноста за да се добие потребната хуманитарна помош за Здравствениот дом во Крива Паланка, чија вредност се движи до 500 илјади американски долари.

Со оваа иницијатива беа запознаени браќата свештеници од Кривопаланечкото архиерејско намесништво на Тодорова сабота во с. Конопница.

На денешниот ден, Господ помогна да се реализира средбата и да се разменат мислења со претставници на Здравствениот дом „Проф. д-р Димитар Арсов“ во Крива Паланка.

По одржаната средба, пријателите и гостите на Митрополитот Кирил, меѓу кои и дипломираниот економист г. Иван Ѓорѓиев, член на Управниот одбор на МПЦ „Рождество на Пресвета Богородица“ во Кембриџ, со сопругата Благица и нивните дечиња Виктор и Мартин, заедно со нивните блиски, кои од пред четири години живеат во Канада во градот Кичинер, потоа старешината на манастирот посветен на свети Атанасиј во с. Лешок, о. Димитриј Крстевски, откако ги разгледаа убавините на нашиот манастир и се поклонија на моштите на чудотворецот свети Јоаким Осоговски, беа задржани на братска трпеза на љубовта, која беше приредена во резиденцијата на Митрополитот Кирил.

 

               

 

              

 

Известува: о. Александар