Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Виена (27.03.2009)

На празникот на светите Четириесет Севастиски маченици,  Митрополитот Европски г.Пимен во сослужение на архимандрит Арсениј отслужи Архиерејска Божествена Литургија во македонската православна општина „Св.Наум Охридски” во Виена. 

На крајот од Литургијата Митрополитот г. Пимен им се обрати на присутните верници со срдечни зборови нагласувајќи го овој празник како историски момент за Македонците во Виена, на прагот на стекнување наше мало свето катче, и уште еден  Божји храм во Европската епархија. Имено, тоа беше само дел од одлуките кои се донесоа ден порано на Годишното собрание на МПЦО „Св. Наум Охридски” во Виена.

 

                  

 

                            

 

Известува: Антоанета Левковска