Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Про и контра за изградба на храм на плоштадот во Скопје (28.03.2009)

Планот за изградба на нов храм врз темелите на поранешниот  храм  на свeтите Константин и Елена на плоштадот „Македонија“,  во центарот на Скопје, досега предизвика  повеќемесечни полемики.


Денес, на 28 март 2009 година, под мотото „Не силувајте го Скопје“,
  на плоштадот „Македонија“ требаше да се одржи првото архитектонско востание против идејата за изградба на црква. Протестот го организираше Здружението на студентите на Архитектонскиот факултет „Прва архибригада“, кои заедно со своите истомисленици  требаше да се соберат  на локацијата предвидена за изградба на црквата.

Најавата за овој протест во медиумите против изградбата на храмот на светите Константин и Елена предизвика многубројно спонтано собирање на верниот народ, кој пеејќи црковни песни и славословија, вооружени со крстот Христов, икони во рацете, литијски бајраци, знамиња на Република Македонија, Македонската Православна Црква, Византискиот двоглав орел (кој е симбол на единството на духовната и световната власт), и со знамето на светиот цар Константин, кому ќе биде посветен храмот, застанаа во одбрана на Светата Црква. Некoи  од присутните ја искористија неможноста да се контролира топлата,  да предизвикаат инцидент, односно физичка пресметка меѓу неколкумина од граѓаните кои се застапуваа за изградба на храмот и некои од оние кои беа против.

Иако во медиумите суштината на соборот на антипротестот беше ставена во сенка заради кофликтот, протестот за поддршка на изградбата на храмот мирно заврши со литија од плоштадот до соборниот храм на свети Климент Охридски,  каде по поклонението верните се помолија за целиот народ и милостивиот Бог да ја благослови изградбата на храмот на светите Константин и Елена. 

 

        

 

         

 

        

 

         

 

        

 

         

 

        

 

        

 

Известува: Калина Трпеска