Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Излезе од печат новиот број на списанието „Премин“ (02.04.2009)

 

РАДОСНА ТАГА

 

Допир на Човек и Бог.

Точка на топење на гревот.

Љубов после смртта.

Тивка светлина, а тоа значи пробивање на звучниот ѕид. Со зборовите Господи Исусе Христе...

Освојување на просторот на Тишината.

Стивнување на сетилата.

Пријатно изненадување заради неочекуваното присуство. Скриено зад таа стивнатост.

Подготвеност.

Посветеност.

Доаѓање до крајот на егото, како раб на бездна. Храброст да се падне во бездната наместо враќање назад.

Во таа храброст откривање на способноста за молитва.

Будење на душата.

Папочна врвка со земјата на потеклото – Рајот.

Во молитвата – свест за Другото. Во Другото – почеток на давањето.

Во давањето – благодарење.

Слава на Источникот на сите дарови.

Амин! 

Сестра Макрина

 

 

        

 

 

 

        

 

 

 

       

 

 

 

       

 

 

Содржина:

 

1. Уводник

2. Покајанието на преподобна Марија Египетска

3. Нека ми прости / Тример / Митрополит Струмички Наум

4. Етосот на светоста / Сестра Макрина

5. Тајната на покајанието / отец Григориј Јакимов

6. Светоотечка ризница

7. Премин Галерија

8. За решителноста и за покајанието / свети Теофан Затворник

9. Покај се кога ќе згрешиш и не губи време / Старец Јосиф Спилеот

10. Прошка / Венко Андоновски

11. Репортажа: Манастирот на свети Јован Крстител во Есекс

12. Атанас Бадев / д-р Јане Коџабашија

13. Псевдолекување / д-р Дмитриј Авдеев

14. Бетел - домот Божји / Оливера Павловиќ

15. Живо сведоштво / Горан Величковски

16. Бермудски триаголник / Тања Битољану Плавшиќ

17. Страв / Јанко Илковски

18. Рендгенска снимка / Перица Јовчевски

19. Вести од православниот свет

20. Житија

 

 

 

 

Списанието „Премин“ во овој број

подарува DVD

со документарниот филм

Чија е песнава?“,

ADELA MEDIA

FILM & TV PRODUCTION

 

 

Списанието „Премин“ може да се нарача и

преку интернет на следната страница:

www.mpc.org.mk/Knizarnica/premin.asp