Осветување на црквата на Пресвета Богородица во Битола (14.04.2009)
Утрото кога Господ Исус Христос го беше воскреснал Лазар - братот на Марта и Марија беше воскресната и преосветена Црквата Пресвета Богородица во Битола заедно со делумниот фрескоживопис кој на скоро една и пол вековната Црква ѝ дава нов и потопол лик на Црквата.
„Ваше Високо преосвештенство, почитувани отци, драги браќа и сестри! Неизмерна е радоста која се гледа на вашите лица бидејќи токму денес како праслика на Најславното влегување на Господ Исус Христос во најсветиот Ерусалим и ние во предвечерието на овој торжествен празник повторно се вративме во коработ на нашата Црква кооја никогаш не била поубава”... беа првите зборови кои одекнаа од амвонот на Црквата Пресвета Богородица во Битола од устата на отец Никола Грамбозов.
И навистина граѓаните на Битола можат да бидат горди што за рекордно време (неполни четири месеци) беше повторно отворена Црквата на Мајката Божја за да можат како и секоја година да присуствуваат на богослужбите за време на седмицата пред Воскресението Христово.
Иницијативата за нејзиното градење била започната во 1869 година од страна на д-р Мишајков кој го купил местото кај некогашниот Пипер ан и била градена тајно и со оскудни средства.
Еве дел од амбиентот додека се извршуваа градежните работи во внатрешноста на самата црква.