Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Велигден во Скопје (21.04.2009)

Најголемиот христијански празник - Воскресението Христово, во Република Македонија најмасовно беше прославен во Скопје, во соборниот храм на свети Климент Охридски. Со Воскресната богослужба, која започна   во 23.00 часот, чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. По опходот околу соборниот храм на свети Климент Охридски и објавата на Христовото Воскресение, продолжи Воскресна богослужба со Литургија на Свети Јован Златоуст.

 

          

 

            

 

            

Известува: Калина Трпеска