Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Скопје (21.04.2009)

Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во дните на Воскресенските празнувања, благоволи да служи света Воскресна Литургија на првиот ден од Воскресението Христово во соборниот храм на Свети Климент Охридски во Скопје, на која меѓу многубројниот присутен народ беше и претседателот на Владата на Република Македонија г. Никола Груевски, и многу други видни личности од јавниот живот во Републиката, како и  неговата екселенција амбасадорот на САД во Р.Македонија г. Филип Рикер. На Литургијата  верните чеда се причестија со Светите Христови Тајни.

„Оваа светла седмица, иако трае 7 дена, сепак се смета дека е еден ден, кој е слика на идниот невечерен осми ден кој ќе настапи при Второто Христово пришествие. И нема да има темнина бидејќи Христос, Воскреснатиот наш Бог, ќе засветли како Сонце, посветло од секое сонце, зашто Он дава живот на секое тело, и Он е Сонце на правдата.“

 

       

 

              

 

        

Известува: Калина Трпеска