Вечерна богослужба во Куманово (11.05.2009)
На 05. 05. 2009 година во пресрет на големиот празник на свети Георгиј Победоносец во близина на кумановските гратски гробишта во манастирот посветен во чест на свети Георгиј, Митрополит Полошко-кумaновски г. Кирил ослужи Вечерна богослужба. Обраќајќи им се на кумановските верници меѓу друго рече: „Сполај му на Бога, среќен сум што на овој во навечерието на големиот празничен ден посветен во чест и слава на еден од ретките Христови војници и маченици свети Георгиј, традиционално со години се среќаваме на ова од година во година сѐ повеќе и повеќе разубавувано наше христијанско светилиште, за да можеме најнапред со најголема побожност, со најголема евангелска христијанска почит и љубов да се поклониме пред ликот на светиот маченик Георгиј, пред ликот на нашата заедничка духовна мајка Пресвета Богородица. Да Му заблагодариме на воскреснатиот Господ Исус Христос за Божјиот дар што ни го дарува да можеме со радост да си го дочекаме најнапред празникот на празниците Светлото Христово Воскресение – Велигден, а еве после тоа за не многу долго време да се собираме и за празникот Ѓурѓовден. Голем светител чествуваме драги браќа и сестри на планетата земја во навечерието а и утрешниот ден, се собираат голем број источно православни христијани за да можат да се поклонат пред големото саможртвено дело на светиот великомаченик Георги. По вечерното богослужение неуморниот Митрополитот замина во с. Дељадровци во манастир посветен исто така во чест на свети Георги Победоносец.
Известува о. Жико Тодоровски