Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во с. Дељадровци (кумановско) (11.05.2009)

На 06. 05. 2009 година во манастирот на свети Георгиј во с. Дељадровци (кумановско) Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил заедно со своето свештенство ослужи света Божествена Литургија во цест и слава на големиот светител великомаченик и Победоносец Георгиј. Осврнувајќи се Митрополитот на неговото житие рече: „Да се жртвува животот во најубавиот цвет во своите дваесет години да му се укажуваат огромни почести како воин во времето на царот Диоклецијан гонител, жесток гонител на христијанството, значи треба многу длабоко да се носи Господ во своето срце за да му се подари животот. Во секој случај тој е навистина за секаков восхит. Да се поучиме ние христијаните како треба да се однесуваме кон саможртвените подвизи и дела на нашите претшественици на сите оние кои за честа и достоинството на нашето свето Православие за честа на источно-православна вера, кога требало не пожалиле и својот живот да го подарат на Бога, да го подарат на верата за да бидат вечно овенчани со ореолот на вечната слава горе во небесната црква и длабоко внедрени во душите и срцата на сите идни христијански поколенија. Да му се молиме на светителот вечно да се застапува пред Бога. Да нѐ следи воскресенскиот Божји благослов со одлично здравје со примерни дечинја со многу рожби, постојано нагласуваме. Господ нека ги чуе, нека ги послуша нашите молитви кои што ги принесуваме и нека ви дарува преку молитвената закрила на св. Георгиј сѐ што посакуваат вашите благородни христијански души и срца. Мирно достоинствено без нервози да поможи Господ да ги совладаме кризите со кои се соочуваме и да се надеваме дека ке биде онака како што викаат старите после дождот доаѓа разведрување. По светата Литургија Митрополит г. Кирил го пресече славскиот колач.


Известува о. Жико Тодоровски