Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Промовирани монографии во Македонската академија на науките и уметностите (16.05.2009)

На 13 мај 2009 година, во амфитеатарот на МАНУ, а по повод традиционалното одбележувањена Денот на Фондацијата „Трифун Костовски“,  беа промовирани новите изданијата на Фондацијата и Македонската Академина на науките и уметностите, и тоа делата: РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИТЕ ГОВОРИ ВО ЈУГОИИСТОЧНИОТ  ЕГЕЈСКИ ДЕЛ, том 5  од проф. д-р  Коста Пеев,  монографијата ФРЕСКОЖИВОПИСОТ ВО ПЕЛАГОНИЈА ОД СРЕДИНАТА НА XV  ДО КРАЈОТ НА XVII ВЕК  од д-р Никола Митревски и студија за АРХИТЕКТУРАТА НА ЦРКВАТА УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА - ТРЕСКАВЕЦ  од м-р  Елизабета Касапова.

Промоцијата ја отвори академик Цветан Грозданов, претседател на Управниот одбор на Фондацијата и ги презентираше активностите на Фондацијата Трифун Костовски во 2008 година, во делот на издавачката дејност, откуп на уметнички дела, одбележувањето на јубилеи и снимање на филмови.

- Еминентните личности и нивните дела од областа на науката, историјата, уметноста, литературата се најзначајни за меѓународната сериозна промоција на државата - рече фондаторот Трифун Костовски на промоцијата.

За делото на лингвистот Пеев, петтиот том од РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИТЕ ГОВОРИ ВО ЈУГОИСТОЧНИОТ  ЕГЕЈСКИ ДЕЛ, зборуваше академик Петар Хр. Илиевски. Тој истакна дека речникот е како енциклопедија за животот, обичаите, секојдневјето на луѓето.

- Пеев е свесен за големата важност на југоисточните говори, кои во 9 век биле основа за старословенскиот јазик. Сепак, тоа не е обичен речник, туку енциклопедија на народниот живот од тој крај. Во него е собран голем фолклорен и етнографски материјал со кој културата и јазикот ќе се сочува од заборав - рече Илиевски.

Академик Цветан Грозданов зборуваше за монографијата ФРЕСКОЖИВОПИСОТ ВО ПЕЛАГОНИЈА ОД СРЕДИНАТА НА XV  ДО КРАЈОТ НА XVII ВЕК  од д-р  Митревски. За книгата на м-р Касапова, АРХИТЕКТУРАТА НА ЦРКВАТА УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА - ТРЕСКАВЕЦ , се прочита промотивно писмо кое го напиша академик Крум Томовски.

     

 

     

 

       

Известува: Калина Трпеска