Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Студенти од Православниот Богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Софија во посета на Преспанско-пелагониската епархија (18.05.2009)

На 17.05.2009 година (преподобна маченичка Пелагија; свети свештеномаченик Силуан), група бугарски студенти од Православниот Богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Софија, предводени од проф. др. Иван Желев, го посетија градот на конзулите Битола. Најнапред, студентите и професорите од факултетот, присуствуваа на Архиерејската Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, во храмот на Пресвета Богородица, кој се наоѓа во централното градско подрачје. Византиското поење на псалтите во храмот, ги вдахнови срцата на студентите и со големо воодушевување од самата Богослужба, како и од гостопримливоста на нашиот клир, ја продолжија својата посета во Светата Митрополија во Битола. Тука, во велелпната и стогодишна Митрополија која е седиште на Преспанско-пелагониската епархија, на студентите им беше дозволено разгледување на просториите и им беше презентирана историјата на нашата епархијска црковна зграда.

 

            

 

           

 

 

Известува: Весна Апостоловска