Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Американскиот Амбасадорот во посета на Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил (28.05.2009)

На 28.05.2009 година, по повод големиот христијански празник Вознесение Христово-Спасовден, , во резиденцијалниот манастир на св.Јоаким Осоговски, Неговото високопреосвештенство Митрополитот Полошко-кумановски г-дин Кирил го прими во еднодневна посета Амбасадорот на САД во РМ, неговата екселенција г-дин Филип Рикер, заедно со видни еснафи и пријатели на Митрополитот.

Во големата манастирска црква на св. Јоаким, Митрополитот Кирил отслужи молитвена  доксологија, во која се помоли за здравје и душевно спасение на присутните гости, а потоа во  трпезаријата на Владичкиот конак, беше приредена братска и сестринска трпеза на љубовта.

 

Известува: о. Александар