Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во црквата на Света Троица во Куманово (11.06.2009)

На 08. 06. 2009 година во црквата на Света Троица во Куманово Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил ослужи Света Божествена Духовденска Литургија. Честитајќи им го патрониот празник Митрополит Кирил им го објасни празникот Духовден односно Слегување на Светиот Дух врз Апостолите во чија чест е посветено ова светилиште, а пак празникот  претставува роденден на црквата. Во 2003 година црквата Света Троица прослави јубилеј 100 години од своето постоење па нагласувајќи го тоа Митрополитот Кирил пожели уште многу години да се собираме и молиме во ова светилиште. Посебно нагласи дека е од голема потреба правилно да се прекрстуваме и да изговараме во името на Отецот и Синот и Светиот Дух затоа што правилното прекрстување има благодат и сила, а неправилното нема никакво значење. Потоа во црковниот двор Митрополит Кирил освети вода и ги пресече празничните славски колачи.

 

     

 

     

 

Известува: о. Жико Тодоровски