Продолжуваат градежните работи на соборниот храм на свети Наум Охридски во Малме (18.06.2009)
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен и со одлука на Управниот Одбор на Македонската Православна Црковна Општина „Св.Наум Охридски” – Малме, Шведска, од 06.06.2009 година, со Божја помош и закрила на патронот на Црковнатат Општина, Свети Наум Охридски – Чудотворец, продолжуваат градежните работи на Соборниот храм на Македонската Православна Епархија за Европа во Малме. Во оваа фаза предвидено е да се направи надворешна фасада, кров и се постават петте крстови на куполите од црквата. Сите оние кои сакаат да го помогнаат оваа благоугодно дело можат да се обратат до УО на МПЦО „Св.Наум Охридски” – Малме, Шведска. Известува: протоереј-ставрофор Блажо Кожарски