Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветен нов манастирски храм посветен на Пресвета Богородица во с. Новаци (13.06.2009)

На 13.06.2009 година, саботата по Педесетница, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски Г. Петар, во сослужение со Епископот Хераклејски Г. Климент, свештенослужители и свештеномонаси од Преспанско-пелагониската епархија, го изврши чинот осветување на новоизградениот манастирски храм Успение на Пресвета Богородица во с. Новаци, токму во лулката на Пелагонија, блескав како житното класје сред житните полиња.

На овој светол чин, со своето присуство ги почести присутните и Претседателот на Владата на Р Македонија г. Никола Груевски, кој исто така му се обрати на насобраниот народ пред манастирскиот храм.

По осветувањето на манастирската црква, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Г. Петар, освети и камен темелник за изградба на конак при овој манастир, а потоа го благослови празничниот ручек.

 

                          

 

      

 

     

 

 

      

Известува: Весна Апостоловска