Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Духовен концерт во манастирскиот комплекс на свети Атанасиј и Пресвета Богородица во с. Лешок (24.06.2009)

По повод одржувањето на 19-от по ред фестивал „Тетовски Хорски Одзиви - ТЕХО” на 20. и 21. јули 2009 година се одржа богата културна европска хорска манифестација во „Центарот на културата“ во Тетово на која настапија 15 хорови од нашата Република и од странство. Благодарение на директорот и организатор на овој меѓународен фестивал  маестро д-р Ивица Зориќ, а со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Полошко-кумановски г. Кирил, делот од репертоарот со духовни песни беше изведен во манастирскиот комплекс на свети Атанасиј и Пресвета Богородица во с. Лешок.

Со духовни композиции настапија:

- Градскиот црковен хор „Свето Благовештение” од Прилеп, под диригенство на Илија Јанчулески.

- Машкиот хор „Гусле” од Софија, Р. Бугарија, под диригенство на академик Валентин Бобески.

- Градскиот камерен мешан хор „Гортинија” од Гевгелија, под диригенство на Илија Атанасов.

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил во своето излагање се заблагодари на организаторот на овој духовен концерт маестро д-р Ивица Зориќ им се заблагодари на изведувачите на духовните композиции и им посака пријатен престој на останатите хорови во манастирскиот комплекс, а на странските хорови пријатен престој во нашата држава Република Македонија.

 

    

 

     

 

     

 

     

 

     

 

                                                                                                                                     Подготвил: Диме Змејкоски