Vesti i nastani
 
 
 
 
 

На празникот на Раѓањето на Пресвета Богородица во с. Дељадровци (21.09.2009)

На 21.09. 2009 година кога Светата Православна Црква го празнува Рождеството на Пресвета Богородица - Мала Богородица, Епархискиот Архиереј Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил во сослужение на повеќе свештеници и ѓакони ослужи света Божествена Литургија во манастирот св. Георгиј во с. Дељадровци. Во текот на богослужбата верниците од Дељадровци имаа можност да присуствуваат на ракополагањето во свештенички чин на нивниот сограѓанин Ивица. Потоа Митрополитот Кирил изврши реосветување на обновената црква на Пресвета Богородица изградена до манастирот. Инаку во манастирскиот комплекс има изградено повеќе светилишта со што преставуваат еден вид Лавра на оваа подраче. На присутните верници Митрополитот им го објасни празникот како и празнувањето на заедничката духовна Мајка - Пресвета Богородица во текот на целата година. Потоа Митрополитот изврши водосвет како и прекршување на празничниот славски колач а потоа верниците продолжија со празничното празнување и веселба.

 

   

 

   

 


известува о.Жико Тодоровски