Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Малме (19.10.2009)

На денот 18.10.2009 година, денот кога пред шест години се постави камен-темелникот за градење на нова црква во Малме – Шведска, посветена на Свети Наум Охридски – Чудотворец се отслужи Света Литургија во чест на шестгодишниот јубилеј.

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен пред почетокот на Светата Литургија се изврши осветување на камбаната, која е подарок од г-ѓа Менка Радел од Малме.

Чинот на осветување на камбаната и Светата Литургија ја служеа архиерејскиот заменик на Македонската Православна Епархија за Европа и редовен парохиски свештеник во МПЦО „Св. Наум Охридски“ – Малме, прота-ставрофор Блажо Кожарски, архиерејскиот намесник за Скандинавија и редовен парохиски свештеник во МПЦО „Св.Кирил и Методиј“ – Гетеборг, прот-ставрофор Евтин Велкоски и епархискиот и парохиски ѓакон во ЦО Малме ѓаконот Илија Спасевски.

На крајот од Светата Литургија благоверниот народ пристапи кон Светата Причест.

За значението на јубилејот говореше прота-ставрофор Блажо Кожарски.

Помеѓу другото нагласи повод за одбележувење на јубиелејот се завршните работи на фасадата, кровот и поставувањето на крстовите на куполите од храмот.

Во храмот беше поставена и изложба на икони изработени од познатиот македонски иконописец Ѓори Чавков, кој во моментот живее и работи во Шведска.

За сите присутни во црковната сала беше подготвена братска и христијанска трпеза на љубовта подготвена и подарена од Македонка и Давид Нифелт.

Присутните за време на ручекот ги поздрави председателот на МПЦО „Св.Наум Охридски“ – Малме г. Трајан  Бошевски.

На свеченостите покрај верниците на МПЦО „Св.Наум Охридски“ – Малме и околните места присуствуваа и: Министерот советник и вршител на работите во Амбасада на Република Македонија во Копенхаген – Данска г. Салим Керими, претставниците на Српската Православна Црква свештеникот Милан Вукашин парохиски свештеник во СПЦО „Св.Кирил и Методиј“ - во Малме и епархискиот ѓакон на Британско Скандинавската епархија на СПЦ Велиша Васиќ, преставници од МПЦО „Св.Кирил и Методиј“ – Гетеборг и МПЦО „Св.Климент Охридски“ – Копенхаген – Данска, секретарот на Македонскиот Сојуз во Шведска г. Ивица Челиковиќ, преставниците на Македонските здруженија КСД„ Македонија“ – Малме и „Пелистер“ – Трелеборг.

Беа прочитани и поздравни телеграми – поздрави од директорот на комисијата за верски односи и религиозни групи на влада на Република Македонија м-р Валинтина Божиновска, директорот на Агенцијата за иселеништво на влада на Република Македонија г. Васил Наумов, Бископот за Јужна Шведска на лутеранската црква од Лунд Antje Jackelen и претставникот на Општана Малме Kent Andesson.

Во продплжение на програмата со свои стихови посветени на нашата црква прочитаа поетите Бронхилда Станковска и Најдо Георгиевски.

Прославата на општо задоволство на сите проследена со македонски народи песни и ора траеше до вечерните часови.

 

      

 

      

 

     

 

                            

 

       

 

Известува: прота-ставрофор Блажо Кожарски