Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Кумановско (27.10.2009)

По повод патрониот празник Преподобна Параскева - Петковден на 27. 10. 2009 година во црквата св. Петка во н. Бедиње во Куманово, Митрополит Полоско-кумановски г. Кирил ослужи Божествена Архиерејска Литургија. Многу цркви и манастири се изградени во чест на Преподобна Параскева, а пред 11. години Митрополит г. Кирил  освети нова крстилница во н. Бедиње.  Во кумановскиот крај Преподобна Параскева е посебно почитувана а некои кумановчани пак се поклонија пред нејзините цудотворни мошти во градот Јаши во Р. Романија. Инаку оваа славна светителка живеела во 11-ти век, а потекнува од градот Епиват а нејзините родители биле имотни и побожни христијани. Нејзиниот брат Ефтимиј постанал епископ Малитски па по смртта на нејзините родители таа заминува во Јорданската пустина жедна за подвижнички живот заради Христа. Во текот на времињата нејзините свети мошти биле пренесувани повеќе пати и тоа во Цариград, Трново, пак во Цариград, па во Белград а сега се наоѓаат во Р. Романија каде што многу христијани одат и се поклонуваат пред нејзините мошти.
 
Известува: о. Жико Тодоровски