Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија на Плаошник (03.11.2009)

По повод празникот на свети Прохор Пчински се служеше света божествена архиерејска Литургија во Плаошкиот манастир „Свети Климент и свети Пантелејмон“ во Охрид. На светата Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот „Свети Наум Охридски“, свештеник Игор Никовски, секретар на Дебарско-кичевската епархија, свештеник Никола Христоски и ѓаконите: Димче Азески и Васко Голабоски. На Литургијата присуствуваше многуброен верен народ, а оние што се подготвуваа со молитва и исповед, пристапија и се причестија со Телото и Крвта Христови.

На крајот, Митрополитот Тимотеј го освети и прекрши празничниот леб.

Истиот ден, на пладне, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, изврши осветување и го положи камен-темелникот за изградба на црквата Свети Козмa и Дамјан во село Враништа, Струшко. Црквата ќе се гради по иницијатива и доброволни прилози на верниците од село Враништа, додека финансиските средства околу карабин-конструкција на црквата ќе ги донира г-дин Новко Плаќаноски од село Дрслајца, Струшко.

 

             

 

           

 

           

 

                                      

 

Известува: ѓакон Димче Азески