Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Венчавка во Тетово (14.11.2009)

Денес на 14 ноември 2009 год. во Соборниот храм Св. Кирил и Методиј во Тетово, нашиот надлежен Епархиски Архиереј Митрополитот Полошко-Кумановски Господин Кирил, во знак на пријателска и долгогодишна соработка со Г-дин Цене Ристоски еден од врвните раководители на  Текстилниот  Комбинат “Тетекс”  од Тетово, го благослови бракот на неговата ќерка Олгица Ристоска со нејзиниот избраник Александар Јованоски од Тетово.

Светата Тајна Венчание ја изврши Митрополитот Полошко-Кумановски Господин Кирил, а венчален кум им беше Живорад Николоски со неговото благородно семејство.

Венчавањето го увеличија благочестивото семејство и многубројната родбина на Г-дин Цене Ристоски.

 

     

 

    

 

 

 подготвил: Диме Змејкоски