Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение од Канцеларијата на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ (01.12.2009)

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква ја известува македонската јавност дека во продажба е пуштен неовластено пресликан Православен календар за 2010 година - џебен формат, со што се нарушени авторските права на Македонската православна црква.

Апелираме до граѓаните да не купуваат какви било Православни календарчиња - џебен формат, од улични продавачи или од такви кои истите ги нудат по домовите.

Македонската православна црква ги известува сите граѓани на Република Македонија дека Православниот календар за 2010 година го продава единствено по храмовите и манастирите во сите епархии на нашата Света Црква и нема овластено луѓе кои истото би го издавале и продавале на други места.

Со купувањето на Календарот од храмовите, Вие помагате во реализирањето на издавачката и мисионерската дејност на МПЦ. Затоа, согласно Законот за заштита на издавачките и авторските права, Ве известуваме дека ќе поведеме постапка против непознат сторител за фалсификување на Православниот календар за 2010 година - џебен формат.

 

КАНЦЕЛАРИЈА НА САС НА МПЦ