Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Малме (04.12.2009)

Денес кога Православната Црква го празнува Воведението на Пресвета Богородица во Ерусалимскиот храм, Митрополитот Европски г. Пимен во сослужение со архиерејскиот заменик протоереј ставрофор Блажо Кожарски парохот на Малме и епархискиот ѓакон Илија Спасевски отслужи Света Архиерејска Литургија во соборниот епархиски храм посветен на свети Наум Охридски во Малме.

На делот од денешното  евангелие кога Христос се обраќа до насобраниот народ:  Блажени сте и вие кои го слушате словото Божјо и го пазите, Митрополитот г. Пимен потсети дека овој благослов не се однесува само на слушателите во тој момент кои биле околу Бога, туку и на сите нас кои сме следбеници на Христа Бога и Неговото спасително слово низ историјата а и денес пренесено преку епископството и свештенството, со апостолското преемство, кое е непрекинато дваесет века наназад, и е потврдено преку заедничарењето со Телото и Крвта Христови и од верниот народ.   

 

      

 

       

 

Известува: протоереј ставрофор Блажо Кожарски