Официјална посета на Митрополитот Европски Пимен на Архиепископот на Лондон г. Ричард (14.12.2009)
Во вторник, на 08.12.2009 лето Господово во Архиепископската резиденција на (132 по ред на Лондонската катедра) г. Ричард Архиепископ на Лондон во официјална ендочасовна посета престојуваше Митрополиот Европски г. Пимен.
Делегацијата ја составуваа: Нејзината Екселенција Амбасадор на Република Македонија г-ѓа Марија Ефремова, о. Виктор Стојчев парохиски свештеник на МПЦ за Лондон и отец Адам Скот како протокол на средбата и голем пријател и помагател на Црковната општина “Cвети Архангел Михаил” во Лондон.
Средбата помина во многу пријателска и конструктивна атмосфера на која што срдечниот домаќин се потруди нашот Владика да се чувствува како во сопствената резиденција. Прагматичниот Епископ Лондонски не ги криеше своите симпатии кон Македонската Православна Црква и нашиот народ во целина и внимателно се интересираше за сите духовнички и државнички прашања поврзани со нашата држава и Црква. На крајот од средбата Епископот Лондонски побара од нашиот Митрополит да се сретнат повторно при неговата наредна посета на Лондон и приота го заложи својот авторитет доколку од него се побара било каква помош.
На кајот Епископот Лондонски го дарува својот гостин со медаљон на Св. Мелетиј првиот Eпископ Лондонски, додека нашиот Владика го дарува љубезниот домаќин со колекција на висококвалитени вина од Македонија.
Потоа делегација придружувана од секретарот на Епископот Лондонски г. Францис присуствуваше на Вечерната богослужба во најголемиот храм во Велика Британија - катедралата на свети Павле, приредена во наша чест каде што домаќините се помолија за македонскиот и сиот православен народ.
На крајот посетата заврши со пригодна вечера.
Известува: о. Виктор Стојчев, Парохиски свештеник на МПЦ вo Лондон