Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Претседателот на Парламентот на Австралија во официјална посета на Преспанско-пелагониската епархија (13.12.2009)

На 13.12.2009 година (недела), Г. Хари Џенкинс, претседател на Парламентот на Австралија, беше во званична посета на Р. Македонија, како и во посета на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, кој е Администратор на Австралиско-новозеландската Епархија. Средбата се одржа во просториите на Светата Митрополија во Битола, на која г. Хари Џенкинс беше запознат со историскиот преглед на Македонската Православна Црква како и со дејноста и активностите на Епархијата. При оваа прилика, делегацијата го посети и храмот на свети великомаченик Димитриј во Битола, каде што беше запознат со историјатот на овој храм и неговото огромно сакрално и културно богатство.

 

          

 

         

Известува: Весна Апостоловска