Архиерејска Божествена Литургија во манастирот на свети Наум во Охрид (18.12.2009)
Светата Православна црква на 18 декември го прославува големиот молитвеник и подвижник, преподобниот отец Нектариј Битолски. По повод именденот на игуменот на Светинаумската обител, вечерта на 17 декември се отслужи празнична вечерна богослужба во манастирот. Вечерната богослужба ја отслужи Митрополит Повардарски г. Агатангел во сослужение на игуменот архимандрит Нектариј.
Празничниот леб беше прекршен од надлежниот епархиски Архиереј Митрополитот г. Тимотеј, протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, архиерејски намесник на Охрид и свештеник Димче Ѓорѓиески, варошки парох.
Денес, со почеток во 7:30 започна Утрената богослужба со Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на Митрополит Повардарски г. Агатангел, архимандрит Нектариј, јеромонах Јосиф, јеромонах Григориј и ѓаконите Димче Азески и Николче Ѓурѓиноски.
Честито име и на многаја лета Високопреподобни оче!
Известува: ѓакон Николче Ѓурѓиноски