Битола (18.12.2009)
На 18.12.2009 година, со почеток во 8.00 часот, со Света Божествена Литургија во Соборниот храм на свети великомаченик Димитриј во Битола, започна чествувањето на празникот посветен на свети Нектариј Битолски. Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, заедно со свештенството, ѓаконството и верниот народ од Битола, по Божествената Литургија чествувањето на празникот го продолжија со торжествена литија со моштите на св. Агатангел Битолски по улиците во централното градско подрачје. По литијата, кивотот беше поставен во Соборниот храм, а голем број верници на светителот му оддадоа почит, со големи поклони и целив.
Известува: Весна Апостоловска