Вечерна служба и Духовна академија во Штип на празникот и заштитникот на градот св. Николај (18.12.2009)
По предлог на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, оваа година, Советот на Општина Штип, Светиот Николај Чудотворец го прогласи за Заштитник на градот и беше изготвена посебна програма за одбележување на денот на градот.
На 18. 12. 2009 година, се оптпочна со празнична вечерна, во Соборниот храм Св. Николај во Штип, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Штип и Игуменот на Лесновскиот манастир - отец Дамаскин.
На вечерната богослужба на Литијните стихири се изнесе иконата на Заштитникот на храмот и градот, потоа Митрополитот Брегалнички г. Иларион, го благослови и пресече пазничниот леб, по што произнесе пригодно слово.
Во 19 часот, во присуство на Неговото Блаженство Архиепископот Охридки и Македонски г. г. Стефан и многуброен православен народ, се одржа свечена академија во Домот на културата Ацо Шопов. На свечената академија настап имаше хорот при Соборниот храм Св. Николај во Штип со пеење на тропарот на Светиот Николај Чудотворец - архиепископ на Ликискиот град Мир, по што следуваше сценски приказ од Житието на Светителот од Страшко Милошевски, потоа обраќање на Градоначалникот на Општина Штип г. Зоранчо Алексов, кој го прогласи Светиот Николај Чудотворец за Патрон и Заштитник на градот и го одликува со златен орден со ликот на Светиот Николај Чудотворец епископ Мирликински, изработен специјално за оваа пригода, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан за сета заложба за овој град уште како Надлежен Архиереј на Брегалничката епархија и по повод десет години како Поглавар на МПЦ, по што Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан одража благодарствено слово а потоа пригодно слово одржа Надлежниот Митрополит г. Иларион, за што се заблагодари на Градоначалникот и Советот на Општина Штип за прогласувањето на Светиот Николај Чудотворец за Заштитник на градот бидејќи Соборниот храм каде што е катедрата на Брегалничката епархија го носи името на овој светител и Му честита на Таткото на Нацијата Неговото Блаженство Архиепископот Охридки и Македонски г. г. Стефан за овој залужен орден бидејќи со Неговата кротост, добрина, хуманост и мудрост токму Тој заслужува да го прими овој орден со ликот на Светиот Николај.
По доделувањето на златниот орден на Поглаварот на МПЦ, Градоначалникот на Штип исто така додели десет плакети по повод овој празник на лица кои допринеселе за афирмација на Градот Штип и по ова настап имаше женскиот камерен хор Света Злата Мегленска од Скопје.
Известува: протоѓакон Саше Ристов