Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чествување на Св. Наум Охридски-Чудотворец на Попова Шапка (05.01.2010)

     Денес, 5 јануари 2010 лето Господово, по повод чествувањето на патрониот празник на Манастирскиот Комплекс Свети Наум Охридски – Чудотворец на Попова Шапка, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Полошко-Кумановски Господин Кирил одслужи Света Божествена Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужителите од Тетовското и Гостиварското Архиерејско Намесништво, На Светата Архиерејска литургија пееше и женскиот младински хор Менада од Тетово под диригенство на Маестро Др. Ивица Зориќ, а во присуство на голем број верници  кои по тој повод  пристигнаа од Тетово и од целата татковина Република Македонија.

            На оваа Света Божествена Архиерејска Литургија молитвено присуствуваше и госпоѓа Наташа Јаневска, пратеничка во собранието на Р. Македонија со своето благочестиво семејство.

            Во својата инспиративна беседа за ликот и делото на Свети Наум Охридски Чудотворец Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полошко -Кумановски г. Кирил меѓу другото рече:

            Светиот апостол Павле ни порачува : Спомнувајте ги вашите наставници што ви го проповедале Словото Божјо и следетего нивниот пример”.

            Денес сме собрани за да отслужиме Света Божествена Литургија во чест на Свети Наум Охридски - Чудотворец и ова наше чествување се совпаѓа со 1100 годишнината од неговото претставување во небесната црква Христова.Затоа целата оваа година е прогласена за јубилејна година, и по тој повод ќе се одржат многу средби и манифестации и ќе се зборива за огромното епохално дело и за неговата голема духовност и величие.

Свети Наум според неговото житие бил еден од најдаровитите ученици на солунските брака Свети Кирил и Свети Методиј, заедно со неговиот духовен собрст и сотрудник Свети Климент. Тие заедно со светите брака зеле учество во Моравската мисија и стигнале дури до Рим. Таму во Рим, биле благословени нивните писанија на кои што почнале да проповедаат Светото евангелие на просторот од родна и мила Македонија и на просторот на голем број земји од словенско потекло.

            Свети Наум бил познат како голем писател. Тој бил основоположник на киновитскиот монашки живот во Македонија. Тој исто нака бил голем полиглота и познавал многу јазици. Но она што е најзначајно уште за време на неговиот овоземен живот, при нивната посета во Рим, следејки ги Светите брака Кирил и Методиј, Свети Наум се прочул како голем чудотворец. Многу безнадежни страдалници се допреле до него и преку неговите силни молитви оздравувале од каква болест и да боледувале. Чудата на Свети Наум се толку многубројни, како што се многубројни звездите на небото.

            Свети Наум бил голем помагач при преведувањето на Светото писмо од старогрчки на македонско - словенски јазик. Свети наум заедно со Свети Климент биле основоположници на првиот словенски универзитет на балканот во древниот Охрид. Свети Наум бил градител и основател на манастирот  посветен на светите архангели на јужниот брег на Охридското езеро, кој потоа во негова чест бил наречен Свети Наум Охридски - Чудотворец. Таму денес се наоѓа неговиот гроб и таму почиваат неговите свети мошти.

            Затоа и ние денес потсетувајки се на огромното епохално дело што ни го дарувал и што ни го моставил Свети Наум, исполнуваме еден вистински христијански долг. Ние денес континуирано го следиме патот и примерот на богоовоплотениот Господ Исус Христос, патот и примерот на Свети апостол Павле, патот и примерот на Светите браќа Кирил и Методиј, патот и примерот на Свети Климент и Свети Наум низ целиот период додека Господ не ни помогнал да воскресне за нов и праведен живот нашата суверена татковина Р. Македонија, а пред тоа да да воскресне древната и славна Охридска Архиепископија олицетворена во денешната наша Македонска православна црква.  

Потоа Митрополитот Господин Кирил го пререже кумскиот колач принесен од кумата - Снежана Стојаноска, представник на  Вештите Жени од Тетово, а по божјо провидение кумови за следната година  се Вештите Жени од Велес со нивната представничка Трајкова Маријана.

На братската и сестринска трпеза на љубовта приредена од Манастирското Настојателство, Митрополитот Полошко-Кумановски Господин Кирил со својот архиерејски благослов ги благослови  представниците на Армијата на Република Македонија: Мајор Блажо Ниловски, Генерал Зоран Димов, Мајор Васил Лазевски и Методија Беличковски - командант на втора механизирана пешадиска бригада, и им се заблагодари за досегашната несебичната помош и поддршка на манастирот. воедно  на  мајор Блажо Николовски му  посака успех на  претстојната мировна мисија која тој ке ја предводи во Авганистан и за Божји благослов му подари икона со ликот на Господ Исус Христос.  

 

        

 

      

 

       

 

       

                                                                                                    Подготвил: Свештеник Жарко Мицковски