Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Божикен концерт во Битола (07.01.2010)

 

Овчарчиња како Давид многу има

Чија музика на харфа се штима,

Кои пеат на Бога и струна исто
Но Он гледа само на срце чисто.

 

            Така овие наши духовни овчарчиња во Духот Давидов, ќе се потрудат оваа вечер да ни го спуштат небото овде на земјата или поточно да не подигнат нас на небото. одекнаа зборовите на протоѓаконот Горан Кутлешовски кои го означија почетокот на предбожикниот духовен концерт одржан со благослов на Неговото Високопреосвештенство г. Петар во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Битола.

Во предвечерието на денот надумен, кога Синот Божји, Син човечки постанува, и кога Бог до мерата од растот Христов не повикува, нашата Црква следејќи ги мудреците и пастирите, мал но од срце и душа, скромен подарок- духовен хвалоспев на богомладенецот му принесува.

 

     

Машкиот хор Св. Нектарие-Битолски и женскиот хор Св. Макрина при храмот Пресвета Богородица се претставија синоќа со интересен избор на утрински и литургиски песнопенија на источно-црковно пеење. Антифонски двата хора неизменично го фалеа доаѓањето на Синот Божји во тело.

 

 

 

 

Радоста витлеемска и благодатта Божја излеани на сета твар синоќа се излеа на лицата на преполнетиот храм. Го означивме почетокот на Раѓањето на Синот Божји во тело и како што рече протоерејот ставрофор Никола Грамбозов на поконцертното интервју: “знаеме колкава е радоста на луѓето кои во својот дом очекуваат нова рожба, оваа наша денешна радост е многу поголема бидејќи уште еднаш го дочекуваме Бога и онака како што некогаш мудреците му принесоа дарови на Богомладенецот и ние вечерва му принесовме дар на Бога, благодарност за се направено за нас во веки”.

 

На многаја лета!

 

 

Божикниот концерт граѓаните на Битола можеа да го гледаат на локалната телевизија Тера на 07 јануари 2010-Божик