Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чествување на празникот Бадник во соборниот храм Св. Кирил и Методиј во Тетово (06.01.2010)

На 06. јануари 2010 лето Господово, по повод големиот христијански празник БАДНИК - КОЛЕДЕ во соборниот храм Св. Кирил и Методиј во Тетово традиционално како и секоја година се одржа голем духовен концерт во изведба на женскиот младински хор „Менада“ и детскиот хор „Лале“ од Тетово под диригенство на маестро Д-р Ивица Зориќ. На концертот присуствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Полошко-Кумановски г. Кирил, свештенослужителите од Тетовското Архиерејско Намесништво, како и голем број верници од Тетово и Тетовско.

Централен чин на оваа свеченост беше осветувањето на бадниковото дрво од страна на Митрополитот Господин Кирил, наговестувајќи ги благата на вечниот живот во Господа Исуса Христа пред многубројните верни чеда кои нетрпеливо со радост чекаа да понесат во своите домови  гранче од Бадниковото дрво.

Свеченоста продолжи во дворот на соборниот храм каде Неговото Високопреосвештенство Митрополит Полошко-Кумановски г. Кирил го запали големиот Бадников оган, а верниците беа послужени со топла ракија и овошни плодови.

Потоа Митрополитот Господин Кирил во чест на традиционалното празнување на овој голем хрисијаски празник ги посети Лешочкиот Манастирски комплекс како и верниците од Тетовското село Жилче.  

 

 

       

 

        

 

 

                                                                                  Подготвил: Диме Змејкоски