Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Рождество Христово во соборниот храм во Гостивар (07.01.2010)

07. јануари 2010 лето Господово по повод празникот  Рождество Христово Божик, во соборниот храм посветен на Пресвета Богородица во Гостивар, Митрополитот Полошко-Кумановски Господин Кирил одслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештениците од Гостиварското Архиерејско намесништво а во присуство на голем број верници од Гостивар и Гостиварско.

Митрополитот Господин Кирил во својата беседа  го прочита годишното   традиционално Божиќно послание  од Светиот Архиерејски Синод  на Македонската Православна Црква, и на верниците во преполниот соборен храм  им го честита големиот христијански празник Рождество Христово - Божик, и им посака мир, крепко здравје и благосостојба во своите домови.

Веднаш потоа Митрополитот Господин Кирил ги прережа кумските колачи  принесени од кумовите во дворот на црквата покрај богатата братска и сестринска трпеза на љубовта.   

 

        

 

         

 

       

 

                                                                                                                             Подготвил: Диме Змејкоски