Божествена Литургија во Куманово (08.01.2010)
На 08.01.2010 година во чест на Собор на Пресвета Богородица (втор ден Божик) во соборниот храм на св. Никола во Куманово, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил заедно со многубројното свештенство и ѓаконство ослужи Света Божествена Архиерејска Литургија. Православните кумановчани имаа прилика да присуствуваат на ракополагање во ипоѓаконски чин на теологот Саша Петревски од Куманово. Честитајќи им го големиот празникот на присутните верници со: Христос се роди!, Митрополит г. Кирил им посака ,,нека ни биде благословено од Бога мирно и бериќетно Новото лето 2010. Од Господ здравје и се што посакуваат вашите благородни христијански души и срца. Нека е слава во висините на Бога а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја. Мир, мир и само мир и евангелска љубов во фамилиите, љубов едни кон други, љубов кон вашите рожби, љубов кон татковината, љубов кон градот во кој што живееме“. Амин.
Известува: о. Жико Тодоровски