Чествувања во црковната општина Свети Наум Охридски во Малме (15.01.2010)
Чествувањата во црковната општина свети Наум Охридски започнаа со патрониот празник во годината во која славиме 1100 години од неговото блажено упокојување во Господа, кога и се отслужи Вечерна богослужба а наредниот ден и Света Литургија отслужена од парохискиот свештеник о. Блажо Ккожарски и свештеноѓаконот Илија Спасевски а на која присуствуваше и надлежниот Митрополит Пимен, по неговото враќање од италијанските општини, кој и го благослови славскиот колач.
Чествувањата продолжија и во наредните денови на Бадник, како и на Рождеството Христово.
Истиот ден, владиката Пимен со о. Блажо и о. Илија им го благовести рождеството Христово на верниот народ во Данска, во Ц. О. Св. Климент Охридски во Копенхаген на вечерната богослужба. Наредниот ден се богослужеше во соседните градчиња Векше и Еслев, во јужна Шведска, каде има наши помали заедници.
Се славеше и невечерието на празникот Обрезание и св. Василиј Велики како и доаѓањето на новата година по јулијански стил со Вечерна богослужба и полуноќница на полноќ на која беше прочитана и молитвата за благословување на новата година.
Потоа народот продолжи со прославувањето во стилот на Македонската традиција со песни, ора и делење на празничната пита со паричка.
Известува: о. Блажо Кожарски