Архиерејска Божествена Литургија во Гетеборг (18.01.2010)
Во триест и втората недела после Педесетница, Недела пред Богојавление, на ден 17.01.2010 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение на архиерејскиот заменик прота–ставрофор Блажо Кожарски и архиерејскиот намесник за Скандинавија, прота-ставрофор Евтин Велкоски отслужи Света архиерејска литургија во МПЦО „Св.Кирил и Методиј“ – Гетеборг. На крајот од Светата литургија Митрополитот говореше за прочитаното неделното Свето Евангелиe, како и за престојниот празник Богојавление.
Искажувајќи благодарност кон сите кои ги помагаат МПЦО во Македонската Православна Епархија за Европа, и Епархијата, за даруваната помош кон Македонската Православна Епархија за Европа во 2009 година додели ПОФАЛНИЦА на г. Ѓорги Цаповски од Гетеборг.
Истиот ден присуствуваше и на четириесетото редовно годишно собрание на Македонскиот клуб „Гоце Делчев“ – во Гетеборг.
Известува: прота–ставрофор Блажо Кожарски