Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Богојавление во Преспанско-пелагониската епархија (19.01.2010)

На празникот Богојавление, Неговото Високопреосвестенство благоволи да отслужи празнична Божествена Литургија во соборниот храм свети великомаченик Димитриј во Битола, каде што го изврши чинот на Голем Богојавленски водосвет, а потоа го фрли чесниот и живототворен крст во базенот при соборниот храм. Потоа, Митрополитот г. Петар, изврши осветување на водите во Преспанското Езеро, во месноста наречена Рибарско Село во близина на Отешево, и таму, во присуство на голем број верници, го фрли чесниот и живототворен крст.

 

      

 

     

 

Известува: Весна Апостоловска